И официјално Марк Руте е новиот генерален секретар на НАТО

од Milan1
34 прегледи

НАТО официјално го именува холандскиот премиер во заминување Марк Руте за нов шеф на Алијансата откако амбасадорите од сите 32 земји-членки го одобрија неговото назначување.

Мандатот на генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг требаше да заврши во октомври 2022 година, но е продолжен за уште една година, а во јули, Алијансата повторно му го продолжи мандатот за една година до октомври 2024 година.

Назначувањето на Руте за генерален секретар стана формалност откако неговиот единствен ривал, романскиот претседател Клаус Јоханис, се повлече од трката за функцијата шеф на НАТО.

Поранешниот генерален секретар Јенс Столтенбег го пофали својот наследник, наведувајќи дека тој е искрен претставник на вредностите на НАТО, силен лидер, посветен на постигнување консензус.

 

Слични содржини