Актуелно
Почетна / Сцена / И покрај протестите: Доминго ќе гостува во Израел

И покрај протестите: Доминго ќе гостува во Израел

Израелската Опера ќе биде домаќин на еднонеделното натпреварување во пеење, подоцна оваа година, кое го организира оперската ѕвезда Пласидо Доминго, покрај протестите на активистите против сексуалните вознемирувања.

Осумдесетгодишниот Доминго е повлечен од сите настапи во САД, по извештајот на АП минатата година за деталните обвинувања за сексуално вознемирување и други сексуални престапи.

Меѓутоа, тој продолжи да настапува во Европа, а во Милано во декември беше испратен со овации, додека пак гостувањата во Берлин му се распродадени.

Опералиа, на Доминго, годишно натпреварување во оперско пеење, ќе се одржи во Тел Авив од 22 до 28 октомври.

Одлуката на Операта Израел да биде домаќин на Доминго и покрај обвинувањата против него ги разгневи израелските активисти.

Тие на Фејсбук објавија дека целиот свет „го одива серискиот злоставувач, а само Израел го прима со раширени раце.

Операта Израел во соопштението навела дека имаат многу стрикна политика против секое вознемирување, но додале дека „нема официјален извештај за тврдењата на АП“.

„Бидејќи многу водечки оперски куќи ширум светот продолжија да го повикуваат господинот Доминго да настапува на нивните бини, Опера Израел нема причина да не постапи на ист начин“, се додава во соопштението.

Доминго во 60-тите на почетокот на кариерата, поминал три години во операта во Тел Авив.

loading...