333
Полска одлучи да обезбеди одбранбено оружје за Украина, изјави денеска шефот на полското Биро за национална безбедност, Павел Солох.
-Донесена е одлука за предавање на одбранбеното оружје на Украина, рече Солох.
Тој објасни дека станува збор за „неколку десетици илјади парчиња оружје”, но не прецизираше за каков тип оружје станува збор.