Косовската полиција соопшти попладнево дека спроведува акција на северот од државата, населен со мнозинско српско население, при што извршила претрес на две места и пронашла оружје.
Заменик-директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани изјави за медиумите дека не може да соопшти други детали бидејќи „рацијата се уште не е завршена“.
Тој го потврди пронаоѓањето на оружје на локации во Северна Митровица, но рече дека за количината ќе има дополнително соопштение.
Косовската полиција, наскоро ќе одржи вонредна прес-конференција на која ќе биде разоткриено количество оружје одземено од полицијата
Полицијата и во четвртокот презеде акција на север, во селото Угљаре кај Зубин-Поток, при што заплени рачни бомби и друго оружје. Во оваа рација е уапсено едно лице