И во Словенија бојкот на супермаркетите поради високите цени

од Milan1
18 прегледи

Во Словенија во тек е бојкот за купување во одредени трговски центри и супермаркети, пренесуваат медиумите во регионот.

Како што е наведено, бојкотот ќе трае до 2 февруари, по што се повикуваат граѓаните да продолжат со бојкот на другите трговски ланци од 3 до 9 февруари.

Повеќедневниот бојкот на купувањето во Словенија уследи по успешниот бојкот на хрватските граѓани во Хрватска од минатиот петок, кога за само еден ден апстиненција од одење до продавница, бројот на издадени сметки е намален за цели 53 отсто.

„Бојкотите се легитимен и гласен израз на незадоволство. Бојкотот може да испрати силна порака до трговците на мало за важноста на достапноста и правичните цени“, велат од Здружението на потрошувачи на Словенија (ЗПС).

Тие нагласија дека „секако е правилно потрошувачите да го изразат своето незадоволство на соодветен начин“.

„На крајот на краиштата, тие имаат моќ да одлучат на кого и на што ќе ги трошат своите пари“, велат од Здружението на потрошувачи на Словенија.

Според податоците на Заводот за статистика на Република Словенија (Сурс), храната сега чини во просек 44 отсто повеќе отколку пред десет години. Растот на цените е нешто забавен во последната година.

„Цените на храната во 2024 година во Словенија пораснаа за два отсто во однос на 2023 година и треба да се нагласи дека овие цени ги споредивме со цените од кошницата кои беа драстично пониски“, рече претседателката на Стопанската комора на Словенија, Марича Лах.

Таа нагласи дека поскапувањето на храната кај словенечките трговци е помало од просекот на Европската унија.

Но, и покрај забавувањето на растот на просечните цени, минатата година маслиновото масло сепак поскапе за речиси една петтина, путерот за нешто помалку од 17 отсто, месото за три до шест отсто, а лебот за два отсто.

И покрај тоа што цените растат, Министерството за земјоделство, шумарство и храна не е за бојкот на словенечките трговци бидејќи смета дека тоа е екстремна мерка и дека потрошувачите во такви ситуации може да се чувствуваат принудени на неа.

„Мислам дека сè уште не сме во ваква ситуација во Словенија“, коментира Ана Ле Маречал Колар, генерален директор на Управата за храна и рибарство во Министерството за земјоделство.

Слични содржини