ИДФ ги предупреди жителите на јужен Либан да заминат од близина на локациите на Хезболах

од Milan1
9 прегледи

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги предупредија жителите на јужен Либан да заминат од близина на локациите што ги користи милицијата на Хезболах пред „обемните, прецизни напади, против терористички цели, јави ДПА.

„Наскоро, ИДФ ќе се вклучи во обемни, прецизни напади, против терористички цели кои се широко распространети низ Либан“. Ги советуваме цивилите од либанските села лоцирани во и до објектите и областите што ги користи Хезболах за воени цели, како што се оние што се користат за складирање на оружје, заради своја безбедност веднаш да заминат од опасноста, се наведува во објавата на ИДФ на Телеграм, што ја пренесува германската агенција.

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека „Хезболах го претвори јужен Либан во бојно поле“, пренесе ДПА. Тој потенцираше дека предупредувањето се однесува на десетици села во зона до 80 километри северно од израелската граница.

Слични содржини