Уставниот суд на Албанија одлучи да ја укине одлуката на Собранието за разрешување на Илир Мета од функцијата претседател на таа држава, пренесува Коха.
Судот на тој начин ја поништи одлуката на албанскиот парламент на 9 јуни 2021 година, кога 104 пратеници гласаа за разрешување на Мета.
Тогаш Собранието донесе одлука со образложение дека Мета направил „тешка повреда на Уставот“, но според уставниот суд, наведените факти не претставуваат сериозно кршење на Уставот.
Илир Мета ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател на Албанија, каде што беше избран во 2017 година.