Илире Даути генерален секретар, а Тирон Јајага избран за организациски секретар на Алијанса за Албанците на денешното Собрание. Пред почетокот на Собранието, лидерот на партијата Зиадин Села изјави дека точката на дневен ред ќе биде избирање на органите на партијата, а ќе се дебатира и околу политичката ситуација во државата.
-Ќе дебатираме околу политичката ситуација креирана после грубото кршење на легитимитетот, на волјата на граѓаните изразен со денот на гласањето. Ќе има и одлуки за кои ќе бидете информирани откога ќе заврши централното Собрание. Точка на дневен ред исто така ќе биде и избирање на органите на партијата. Ќе се избира централното претседателство на партијата од тесното претседателство, како и органите на партијата, изјави Села.