Илјадници динари и евра запленила полицијата на северот на Косово

од Илинка Илиоска
412 прегледи

Косовската полиција соопшти дека при претресот на трезорската филијала на Народната банка на Србија (НБС) во северниот дел на Косовска Митровица, затворена на 20 мај заедно со сите пет филијали на банката Поштенска штедилница во северниот дел Косово, запленила динари, евра и швајцарски франци.

Косовската полиција на 20 мај ги затвори експозитурите на Поштенска штедилница и трезорот на НБС во Косовска Митровица, но, не успеала да го отвори сефот во трезорот бидејќи одговорното лице кое имало клучевите од сефот било отсутно.

Синоќа бил отворен трезорот од одговорното лице при што се одземени 152. 290 динари, 4. 580 евра и 940 швајцарски франци, а управителот бил сослушан како осомничен.

Врз основа на Уредбата на Приштина, од 1 февруари е дозволено плаќање во готовина само во евра, односно забранети се динарите.

Слични содржини