Шерон Бел за Си-Ен-Ен изјави дека во последните неколку недели, за време на нејзината секојдневна прошетка по плажата во близина на куќата, постојано наоѓала мртви ракови.
Таа објаснува дека била шокирана кога во понеделникот наутро на плажата затекнала „морски алги натрупани до нејзината половина” наполнети со огормен број мртви и живи ракови од различни видови.
Британската агенција за животна средина изјави за Си-Ен-Ен дека со Центарот за животна средина и рибарство и Управата за риболов на североисточниот брег работи на утврдувањето на причината зошто стотици мртви ракови се пронајдени долж брегот на вливот на реката Тис и соседните плажи.
-Собравме примероци од водата, талогот, школките и раковите и ги испративме на анализа. Се обидуваме да утврдиме дали некој вид загадување предизвика смрт на овие животни, изјави портпаролот на Агенцијата за животна средина за Си-Ен-Ен.
Бел додаде дека таа и нејзиниот сопруг поминале повеќе од четири часа во обид во вода да вратат што поголем број живи ракови, заробени во алгите.
-Беше ужасно да ги гледам. Тажно е бидејќи инаку оваа област е многу убава за живеење, рече Бел, додавајќи дека се надева дека локалното население наскоро ќе добие одговори за тоа што се случило, за да не се повтори оваа ситуација.