Милијардерот и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск, ќе одржи митинг во Висконсин по повод изборот на член на Врховниот суд во оваа држава.
Според AP News, Маск на овој настан ќе подели два милиони долари или по еден милион долари на две лица кои „можат да му докажат дека гласале“ на овие избори.
Овој митинг ќе се одржи само два дена пред граѓаните на Висконсин да го изберат својот следен судија на Врховниот суд.
Борбата ја водат Сузан Крафорд и Бред Шимел, а Маск и остатокот од администрацијата на Трамп го поддржуваат Шимел.
Патем, Маск дистрибуираше пари и за време на претседателските избори во 2024 година. Поради овие потези, многу политичари и аналитичари го критикуваа Маск, нарекувајќи ја оваа распределба на пари отворена корупција и „купување гласови“.
Што се однесува до борбата за Врховниот суд во Висконсин, американските аналитичари оваа изборна трка ја сметаат за еден вид „референдум“ за почетокот на мандатот на Доналд Трамп.
Треба да се додаде и дека Трамп победи во државата Висконсин со разлика од нешто помалку од 30.000 гласови.