Илон Маск: Вештачката интелигенција ќе ја надмине човечката веќе следната година

од Симе Стоиков
482 прегледи

Вештачката интелигенција (АИ) ќе ја надмине интелигенцијата на кој било човек до крајот на следната година, под услов да има доволно електрична енергија и хардвер, изјави американскиот претприемач Илон Маск во интервју со извршниот директор на норвешкиот државен фонд Николај Танген.

Тој верува дека можностите на вештачката интелигенција ќе ги надминат можностите на целото човештво во рок од пет години.

Маск истакна дека развојот на технологијата за вештачка интелигенција досега е забавен поради недостигот на потребните чипови, особено полупроводниците од фирмата Nvidia, кои се од суштинско значење за обуката и работата на вештачката интелигенција.

Слични содржини