Им требало само 12 секунди: Студенти украле криптовалути во вредност од 25 милиони долари

од Илинка Илиоска
387 прегледи

Браќата Антон и Џејмс Пераир-Буено, студенти на престижниот Технолошки институт во Масачусетс, се обвинети во САД за кражба на криптовалути во вредност од 25 милиони долари за само 12 секунди, како и за перење на приходите од овој грабеж.

Американското Министерство за правда соопшти дека осомничените, студенти по математика и компјутерски науки, користеле високо специјализирани вештини за да влијаат на технологијата на блокчејн итриум за да ги потврдат трансакциите, јавува Би-Би-Си.

Според обвинението, тие со измама добиле пристап до приватни трансакции на чекање, а потоа ги менувале за да ги префрлат средствата на нивните сметки.

Американското Министерство за правда објави дека гореспоменатиот грабеж е прв од ваков вид, а обвинителот Демиен Вилијамс изјави дека начинот на кој браќата Пераир-Буено ја извршиле кражбата „го доведува во прашање самиот интегритет на блокчејнот“.

Кражбата наводно била извршена во април 2023 година за само неколку секунди со помош на најсовремена шема која браќата ја планирале со месеци.

Доколку бидат прогласени за виновни, Антон и Џејмс Пераир-Буено се соочуваат со повеќе од 20 години затвор.

Слични содржини