Засега непознати лица се Обиделе со ласер да ги заслепат пилотите на авионот со кој летал папата Франциск. Инцидентот се случил при слетувањето на авионот на аеродромот во Мексико, соопшти “Ројтерс”, повикувајќи се на соопштение на авиокомпанија Alitalia.

download (7)
Ласерскиот зрак бил насочен кон кабината, додека авионот кој доаѓал од Куба,се подготвувал за слетување на аеродромот во главниот град на Мексико. Капетанот веднаш ги информирал диспечерите во кулата. Подоцна информацијата била предадена на надлежните органи.

Слични содржини