212
Четири лица се водат како исчезнати откако брод удрил во мост во градот Фошан во јужната кинеска провинција Гуангдонг, соопштија локалните власти.
Бродот со 11 членови на екипажот удрил во столб на мостот во понеделникот вечерта, а подоцна потонал, јавува новинската агенција Ксинхуа.
Седум членови на екипажот се спасени, а четворица се водат како исчезнати, соопшти одделот за итни случаи на градот Фошан.
Во потрагата по членовите на екипажот на исчезнатиот брод учествуваат повеќе од 300 полицајци и спасувачи. Причината за несреќата се истражува.