Инцидент во Шуто Оризари, членови на едно семејство влегле кај друго и ги нападнале со тврди и стаклени предмети

од Milan1
41 прегледи

– На 30.06.2024/01.07.2024 од 23:50 до 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари ги лишиле од слобода Е.Б.(38), Д.Б.(21) и една малолетничка, сите од Скопје.

Приведени се по претходна пријава дека околу 23:30 часот заедно со неколку други членови од нивното семејство насилно влегле во дворот од домот на С.А.(46) од Скопје и физички го нападнале него и членови на неговото семејство, при што употребиле тврди и стаклени предмети, а го оштетиле и неговото патничко возило и прозорци од куќата, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Слични содржини