Индија бара од своите сојузни држави да не остане ниту еден Пакистанец во земјата по 27 април

од Milan1
82 прегледи

Индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах ги повика главните министри на сите индиски сојузни држави да обезбедат дека по 27 април на територијата на Индија нема да не остане ниту еден пакистански државјанин.

Ова следува по одлуката на индиските власти да ги анулираат сите визи на пакистански граѓани, освен долгорочните визи издадени за лица од хинду потекло. Дополнително, Индија апелираше до своите државјани кои престојуваат во Пакистан да се вратат дома, поради зголемената напнатост откако во терористички напад во Пахалгам беа убиени 26 лица, главно туристи.

Визните услуги за пакистански граѓани се запрени веднаш, а сите што се наоѓаат во Индија со визи во рамки на специјалната шема за визно олеснување (SVES) имаат рок од 48 часа да ја напуштат земјата.

Премиерот Нарендра Моди изјави дека Индија ќе ги „идентификува, следи и казни“ сите терористи и нивни поддржувачи кои имаат врска со масакрот во Пахалгам, најавувајќи и дипломатска офанзива против Пакистан. Дел од мерките е и едностраното укинување на Договорот за водите на реката Инд, склучен со Исламабад во 1960 година.