Властите во западна Индија започнаа истрага за наводниот напад на екстремно десничарските Хиндуси врз студенти на размена кои се молеле за време на месецот Рамазан.
Студенти од Авганистан, Шри Ланка и Таџикистан биле нападнати додека се молеле во кампусот на Универзитетот Гуџарат, кога околу 20 луѓе им пришле и им рекле дека треба да ја преселат својата молитва во џамии, јавува Си-Ен-Ен.
„Помеѓу нив настана расправија, беа фрлани камења и нивните соби беа вандализирани од луѓе од надвор“, изјави полицискиот комесар Џаендра Синг Малик.
Двајца студенти беа повредени во инцидентот, последен во голем број верски судири кои зачестија во времето на ултранационалистичката влада на премиерот Нарендра Моди.