159
Утврдено е дека сирупите за кашлица, за кои индонезиските власти се сомневаат дека предизвикале смрт на повеќе од 200 деца во земјата, содржат индустриски хемикалии што една индонезиска компанија им ги продавала на фабриките како фармацевтски производи, соопшти тамошната полиција.
Полицијата соопшти дека две состојки, етилен гликол и диетилен гликол, биле пронајдени во некои сирупи базирани на парацетамол, што довело до акутна бубрежна инсуфициенција кај многу деца, пренесува Ројтерс.
Овие две состојки се користат во антифриз, течности за сопирачки и други индустриски хемикалии, но и како поевтина алтернатива во некои фармацевтски производи на глицеринот, кој е растворувач или згуснувач во многу сирупи против кашлица.