Бизни светот денеска

Брисел – Инфлацијата во еврозоната продолжи да успорува во јуни и изнесуваше 1,3 отсто, што е многу под целта на ЕЦБ од 2 проценти. Годишната инфлација во 19-те земји на ЕУ кои го користат еврото во мај изнесуваше 1,4 отсто. Успорувањето на инфлацијата сепак беше помало од проценката на аналитичарите, кои предвидоа раст на потрошувачките цени од 1,2 отсто.
Белград – Јавниот долг на Србија на крајот на мај оваа година изнесуваше околу 24,06 милијарди евра, што е 67,1 од БДП, објави српското Министерство за финансии. На крајот на април јавниот долг беше околу 24,16 милијарди евра, што е 67,7 отсто од БДП. Во декември лани српскиот јавен долг изнесуваше околу 24,82 милијарди евра или 72,9 отсто од БДП.
Загреб – Хрватска разгледува можност од почетокот на јули на домашниот пазар да издаде 15-годишна обврзница во евра, соопшти неименуван извор од банка, која треба да учествува во аранжирање на изданието. – Обврзницата би била деноминирана во домашна валута дома, но би била индексирана со курсот на еврото… Информацијата за тоа кога ќе бидат отворени книгите за упис, може да стигне веќе оваа недела, рече изворот.
Берлин – Стапката на невработеност во Германија во јуни се задржа на најниско ниво од обединувањето на земјата во 1990 година, покажаа официјалните податоци. Според германската Канцеларија за статистика Дестати, околу 5,7 отсто од работно способното население во јуни биле невработени. Тоа се поклопува со стапката на невработеност од мај и е во согласност со очекувањата на аналитичарите.
Париз – Француската Влада разгледува намалување на програмата за инфраструктурни инвестиции, бидејќи претседателот Емануел Макрон се бори за намалување на јавната потрошувачка. Франција планирала да потроши околу 30 милијарди евра до 2025 година на проекти како што се железничкиот тунел Лион-Торино, каналот Сена-Северна Европа, кој би овозможиле превоз на товар од Белгија до Париз, како и проширување на француската мрежа на автопатиштата.
Каиро – Египетската Влада ги покачи цените на горивата за дури 55 отсто и двојно ја зголеми цената на гасот за домаќинствата. Така продолжија реформите кои се креирани со цел зајакнување на стопанството, но и ја зголемуваат сиромаштијата која зема замав во земјата. Цените на литар бензин од 80 октани и дизелот се зголемени на 3,65 египетски фунти (20 американски центи) од претходните 2,35 фунти.
Абу Даби – Авиокомпанијата „Етихад Ервејз“ од Абу Даби најави промени во пружањето на некои услуги на своите патници. Најзначајната промена која се очекува е укинување на бесплатните услуги за личен возач на патници од прва и бизнис класа на сите аеродроми освен на својот матичен аеродром во Абу Даби. Оваа услуга ќе остане достапна но со доплата и ќе можат да ја резервираат и патниците од економската класа.
Ханој – Виетнамската економија има голем раст во вториот квартал во 2017 година, достигнувајќи стапка на раст од 6,17 отсто. Економијата расте благодарение пред се на зголеменото индустриско производство и услужниот сектор, покажуваат објавените официјални податоци. Стопанскиот раст на Виетнам, потпрен на превозот, лани се намали бидејќи земјате се бореше со зајакнување по големата суша и масовниот помор на рибите долж нејзините централни брегови./МИА