Институт за проучување на војната: Русите подготвуваат силна офанзива кон крајот на пролетта

од Сенада Ибраимова
246 прегледи

Институтот за проучување на војната (ISW) објави нова анализа за војната во Украина, во која се наведува дека кон крајот на пролетта или почетокот на летото руските сили би можеле да започнат поинтензивни офанзивни операции.

Шефот на Главната управа за воено разузнавање на Украина, генерал-полковник Кирило Буданов, извести дека Украина очекува руските офанзивни операции да се интензивираат кон крајот на пролетта и почетокот на летото, објави IWS.

Буданов во интервју за германската телевизија АРД изјави дека очекуваат руските офанзивни операции особено да се интензивираат во Донбас. Тој додаде дека очекуваат руските сили најверојатно да се обидат да напредуваат кон Часив Јар, кој се наоѓа западно од Бахмут, и во правец на Покровск, кој е на околу 43 километри северозападно од Авдијка.

Претходно, украинскиот претседател Владимир Зеленски, исто така, во интервју за CBS News на 28 март изјави дека очекуваат голема руска офанзива да започне на крајот на мај или јуни.

ISW забележа дека руските сили го интензивирале темпото на нивните офанзивни операции низ бојното поле, особено кон Часив Јар на почетокот на април.

Зеленски, исто така, предупреди дека доцнењето на воената помош ја спречува Украина да воспостави иницијатива на бојното поле, и затоа украинските сили не можат да планираат успешна контраофанзива.

Во интервјуто во саботата, Зеленски, исто така, најави дека Украина може да остане без ракети за противвоздушна одбрана доколку Русија продолжи со интензивното бомбардирање, што е најсериозното предупредување досега од еден украински лидер за влошувањето на состојбата на украинската воздушна одбрана.

Слични содржини