Интегрални погачици со тиквички

од Stefanija Kuzmanovska

Идеално мезе за сите прилики.

Состојки:

– 300 гр тиквички

– 250 гр кашкавал

– 100 гр маргарин

– 20 гр свеж квасец

– 2 лажички песто сос (или свеж босилек, оригано…)

– 1 лажичка сол

– 2 јајца (плус едно за премачкување)

– до 500 гр интегрално брашно

Подготовка:

Изрендајте тиквички и кашкавал, а маргаринот раздробете го со вилушка. Додадете сол, јајцата, песто сосот, квасецот измешан со малку вода. Се замесува со брашно (400 гр.) и се остава да отстои во фрижидер еден час.

Размесете го тестото уште еднаш додека додавате брашно, расукајте со сукало и извадете погачици. Секоја премачкајте ја со изматено јајце и печете на 200°C околу 30 минути.

Слични содржини