Интернет измама во Бјеловар: Жена платила 15 илјади евра отстранување на црна магија и уроци

од Илинка Илиоска
8 прегледи

Овој викенд, бјеловарската полиција добила три пријави за интернет измами, од кои најнеобичната е случајот со 48-годишна жена од Бјеловар која изгубила над 15 илјади евра. Жената била измамена од непознато лице, кое преку социјална мрежа рекламирало услуги за отстранување на црна магија и уроци.

Таа неколку пати уплатила средства кои достигнале сума од над 15 илјади евра. По овие уплати, измамникот престанал да комуницира со неа, при што таа сфатила дека била измамена.

Слични содржини