Ирачките безбедносни сили убиле припадник на Исламската држава во Сирија

од Илинка Илиоска
581 прегледи

Ирачките безбедносни сили во Сирија убиле висок припадник на Исламската држава, одговорен за нападите врз ирачките владини сили, соопшти денеска ирачката служба за национална безбедност.

Според соопштението, Абу Заинаб, државјанин на Ирак, бил убиен во сирискиот град Рака „во изминатите неколку дена“, во соработка со коалициските сили предводени од САД.

Коалицијата предводена од САД соработува со ирачките безбедносни сили и сириските сили предводени од Курдите во Сирија против остатоците од групата Исламска држава.

Слични содржини