117
Хеликоптер во кој се наоѓаше министерот за спорт на Иран и други високи функционери на земјата се урна во средата во југоисточната провинција Керман, при што едно лице загина, а 15 други беа повредени, јави Анадолија.
Хеликоптерот се урнал непосредно пред слетувањето во спортскиот комплекс во градот Бафта.
Во несреќата загинал Есмаил Ахмади, висок советник на министерот за спорт, потврди шефот на итната служба во Керман.