Иран употребил ракета со повеќе боеви глави во нападот врз Израел

од Milan1
43 прегледи

Израелската војска објави дека Иран употребил ракета со повеќе боеви глави во нападот, што претставува нов предизвик за одбраната на Израел.

Ракетите со повеќе боеви глави можат да претставуваат потежок предизвик за системите за воздушна одбрана, како што е израелската „Железна купола“.

Истовремено зборувајќи со новинарите на местото на утринскиот напад со балистичка ракета врз болницата Сорока, израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар објави дека израелската операција против Исламската Република ќе продолжи „додека мисијата не биде завршена“.

„Ова е очигледно воено злосторство“, вели Саар, покажувајќи кон местото на ракетниот напад зад него, велејќи дека нападот „ја одразува конзистентната стратегија на иранскиот режим“. „Тие намерно ги напаѓаат цивилното население, цивилните цели, цивилите, децата, старите лица. Ова е неприфатливо“, рече тој.

„Во текот на изминатите неколку часа, добив бројни повици од министри за надворешни работи од целиот свет, со кои се осудува овој напад. Но, ова е само еден пример, Иранците го прават тоа одново и одново“, додаде тој.

„Ќе ја продолжиме нашата операција во Иран. Имаме многу детален план, точно знаеме што правиме и ќе продолжиме да напаѓаме нуклеарни цели и инфраструктура за балистички ракети. Нема да застанеме ниту минута додека не се заврши мисијата“, истакна тој.

Слични содржини