Ирански генерал ги повика жителите на Тел Авив и Хаифа на итна евакуација

од Milan1
30 прегледи

Врховниот командант на иранската армија, генерал Абдолрахим Мусави, денес ги повика жителите на Израел, особено Тел Авив и Хаифа, веднаш да се евакуираат.

„Евакуирајте се што е можно поскоро за да ги спасите вашите животи и да не станете жртви на животинските желби на Нетанјаху“, рече Мусави, според новинската агенција „ИРНА“.

Тој нагласи дека претходните напади на Иран врз Израел биле „само предупредување и одвраќање“ и најави дека „казнената операција“ на Иран ќе биде спроведена многу наскоро.

Израел и Иран разменуваат ракетни и беспилотни напади речиси една недела, откако Израел изврши изненадувачки напад во кој уби неколку високи ирански функционери, во обид, како што тврди, да го спречи Техеран да ја развива својата нуклеарна програма.

Ирански ракети паднаа врз Тел Авив како одговор на израелскиот напад, при што загинаа десетици луѓе.

Слични содржини