Ирански воен брод се преврте за време на поправка

од Milan1
64 прегледи

Неколку лица се повредени кога бродот на иранската морнарица „Саханд“ се превртел за време на поправка во пристаништето Бандар Абас на југот на Иран, јавија денеска иранските медиуми.

Повредените се пренесени во болници, наведуваат медиумите кои објавија и фотографија од превртениот брод.

„Додека „Саханд“ се поправаше на пристаништето, бродот изгуби рамнотежа поради навлегување вода. За среќа, бродот брзо ја врати рамнотежата“, објави официјалната иранска новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на соопштение на морнарицата.

Не е прецизирано кога се случил инцидентот.

Слични содржини