Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска повика на поголема економска соработка меѓу исламските народи и предложи создавање на заедничка исламска валута.
Пезешкијан е во Каиро, на самитот Д-8 на Организацијата за економска соработка на исламските земји, каде на маргините на самитот разговараше со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф за меѓусебната соработка, пренесува иранска новинска агенција.
Тој рече дека односите меѓу Иран и Пакистан се пријателски и братски и неопходно е да се зајакне соработката во управувањето со границите и борбата против тероризмот. Според него, неопходно е да се негува единството низ исламскиот свет.
Иранскиот претседател повика на поголема економска соработка меѓу исламските земји преку создавање на заедничка валута и имплементација на заеднички пазари, имајќи предвид дека таквите мерки се од критична важност во денешниот свет.
„Иран е подготвен да соработува со сите исламски земји, особено со Пакистан, за да постигне значајни цели“, истакна Пезешкијан.
Д-8, Организацијата за економска соработка на исламските земји, е основана во 1997 година и нејзини членки се Бангладеш, Египет, Индонезија, Иран, Малезија, Нигерија, Пакистан и Турција.