Иранските разузнавачки служби спречија обиди за атентат врз 23 високи функционери за време на 12-дневната војна со Израел во јуни, соопшти денес Министерството за разузнавање на Исламската Република.
„Успеавме да идентификуваме и неутрализираме терористички заговори насочени кон атентат врз 23 високи функционери на земјата за време на 12-дневната војна, како и 13 слични заговори во месеците пред војната, чие идентификување доведе до спречување на атентат врз 35 високи цивилни и воени функционери“, се наведува во документот. Иранските разузнавачки претставници, исто така, спречија влез на најмалку 450 странски борци за време на ескалацијата на конфликтот со Израел во јуни, објави Тасним.
„Успеавме да ја идентификуваме локацијата на 300 странски терористи стационирани во близина на југоисточната граница на земјата, кои се подготвуваа да навлезат на иранска територија, а исто така и да го спречиме нивното понатамошно движење“, се додава во соопштението.
Се наведува дека во Сирија е откриена група од околу 150 радикални членови, кои се подготвуваат да нападнат на територијата на Исламската Република, пренесува Танјуг.