Ирец „растурал“ дрога во Охрид, заработи кривична пријава

од Milan1
25 прегледи

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Б.Ш.(31) од Република Ирска, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.01.2025, при претрес во неговото патничко возило и во станот каде привремено претстојува, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја“, информираат од МВР.

На А.Б.Ш. му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Слични содржини