Ирска драстично ќе ја намали социјалната помош за украинските бегалци 

Моменталното ниво на поддршка во Ирска е „неодржливо", предупредува министерката за социјална заштита, Хедер Хамфрис  

од Бети Божиноска
175 прегледи

Украинските бегалци кои живеат во субвенционирани станови во Ирска наскоро же се сооќат со драстично намалена социјална помо, предупреди ирската министерка за социјална заштита, Хедер Хемфрис, пренесува ирски „Индепендент“. 

„Сегашниот аранжман не е одржлив на долг рок”, предупредува таа.  

Владата веќе има план за намалување на социјалната помош за новодојдените бегалци според кој неделните надоместоци ќе бидат намалени од сегашните 220 евра на 38,80 евра, додека бесплатното сместување отсега ќе им биде обезбедено само  90 дена, наместо на неопределено време.  

Околу 100.000 Украинци кои веќе добиваат социјална помош во Ирска нема да бидат погодени – барем засега. Кога Хемфри им ја објасни промената во политиката на членовите на ирскиот парламент во јануари, рече дека сличните промени во иднина може да ги засегнат сите што се сместени во станови обезбедени од држабата, бе оглед на тоа кога дошле во Ирска. 

Изјавата на Хемфрис е најжестока досега дадена од некој министер по однос на темата. 

„Украинците кои дојдоа во Ирска во првите бранови во 2022 година, реално немаа ништо и им беше потреба поголема заштита, но работите оттогаш се сменија. Не сакаме да ја направиме Ирска поатрактива за бегалците од другите европски држави,“ истакна таа 

Многу европски влади ги намалуваат социјалните програми за украинските граѓани да ги намалат трошоците и да поттикнат или да си заминат или да вложат повеќе напори во обезбедувањето на сопствената егзистенција. Истовремено, расте и незадоволство кај локалното население.  

Некои луѓе се фрустрирани от трошоците за поддршката на конфликтот на Киев против Москва, кој нивните влади ги плаќаат со парите на даночните обврзници, како и од впечатливиот неуспех на Украинците да се интегрираат.  

Многу од бегалците воопшто и немаат намера да се вратат во Украина во блиска иднина. 

Анкетата на хуманитарната организација „Украинска акција“ во Ирска неделава покажа дека 53 отсто од Украинците кои живеат во републиката под привремена заштита сакаат да останат долгорочно, што е значително зголемување од околу 40 отсто минатата година.  

 Според истражувањето, повеже од 40 отсто од ваквите луѓе се вработени, но само 9 отсто од нив работат во рамките на својата професија, иако имаат генерално високо ниво на образование и работно искуство.  

Групата ја посочува јазичната бариера и фактот дека многу од нив се градски жители кои биле населени во рурални средини. 

Слични содржини