Ирските власти кон крајот на јуни ja обновија програмaта „Нашите живи острови“ (Our Living Islands). Оваа иницијатива, започната уште во 2023 година, предвидена e да трае до 2033 година. Целта е борба против депопулацијата преку мерки како исплата на финансиски поддршки за лица кои ќе се преселат на некој од 23-те слабо населени острови во земјата.
Не е неопходно кандидатот да биде ирски државјанин за да аплицира за поддршката. Сепак, заинтересираните мора да имаат право на престој во земјата, во согласност со постојните визни правила…
Меѓу достапните острови се наоѓаат Аранмор, Клер Ајленд, Инишер, Бер Ајленд, меѓу другите. Вкупно, 23-те острови опфатени со програмата имале заедничко население од само 2.734 жители според податоците од 2016 година. Овие места се познати по својот убав и рустичен брег. Некои од нив биле и локации за снимање на филмот „The Banshees of Inisherin“, номиниран за Оскар.
Целта на програмата е да се обезбеди опстанок на „живи и одржливи заедници“ на островите. Исто така, програмата има културна и економска функција. Придонесува за зачувување на културното наследство, разновидноста на локалните економии, како и подобрување на инфраструктурата и домувањето во тој дел од државата.
Како функционира? Финансиските поддршки се наменети за реновирање на куќи кои се купуваат на островите. Како и кај програмата „куќa за 1 евро“ во Италија и Франција, но овие куќи на оддалечените ирски острови се во лоша состојба и бараат реновирање.
Секој бонус мора да се вложи во станбен имот. Не важи за викендички или сезонски куќи. Купувачите на недвижности на островите мора да се обврзат дека ќе живеат таму како во свое примарно живеалиште или дека ќе ги стават на располагање за долгорочен наем во соработка со локалните власти.