До неодамна најголемиот глечер во светот, А68, веќе го нема тој статус.
А68 покриваше површина од скоро 6.000 квадратни километри кога се откина од Антарктикот во 2017 година и беше со големина на Велс.
Меѓутоа, сега сателитските снимки покажуваат дека масивниот глечер повеќе го нема, односно дека е скршен на неколку помали делови, за кои американскиот национален центар за податоци за мраз вели дека повеќе не вреди да се следи, пренесе Би-Би-Си.
А68 се оддели од ледената област Ларсон Ц, на работ на Антарктичкиот полуостров и претежно беше во мирување една година, меѓутоа, потоа почна да плови кон север и да забрзува поради силните струи и ветрови.
Со тежина од милијарда тони, глечерот се упатил кон Јужна Џорџија, британска островска територија во Јужен Атлантик, каде се растопуваат повеќето глечери.
Овој глечер некако успеа да избега од таа судбина, но тој беше проголтан од потоплите води и повисоките температури на воздухот во Атлантикот, и се разби на парчиња.
„Неверојатно е што А68 траеше толку долго. Тој се распадна на четири, пет дела, а потоа тие делови се скршија на уште повеќе“, изјави Адријан Лакмен, од Универзитетот во Свонси за Би-Би-Си.
А68 најдобро ќе остане запаметен по првиот глечер кој стана „sвезда“ на социјалните мрежи, бидејќи луѓе од целиот свет прикачуваа сателитски снимки од глечерот, заклучуваат британските медиуми.