Исламска држава не мирува, убиени најмалку 60 луѓе

од Milan1
316 прегледи

Најмалку 60 луѓе се убиени во источно Конго во неколку напади извршени од локалниот огранок на Исламската држава, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение на властите.

Нападите се случиле во регионот Бени во провинцијата Нор Киву.

Извор од Црвениот крст во Киншаса рече дека „околу 60 тела се најдени додека другите се на терен во области кои се уште не се безбедни“.

Исламска држава соопшти дека биле убиени повеќе од 60 „христијани“. Исламистите објавија и шокантни видеа и фотографии од тела на врзани жртви кои пливаат по реката Лулуа во регионот Бени.

Слични содржини