Исламска држава повторно нападна, убиени курдски војници

од Milan1
302 прегледи

Во бомбашки напад на Исламската држава (ИД) на пат во северен Ирак загинаа пет припадници на курдските сили, додека четворица се ранети, јавија американските медиуми.

Курдските борци Пешмерга синоќа се убиени во северниот ирачки округ Гармијан, што е под контрола на Курдите, а екстремистите на ИД по експлозијата ги нападнаа и позициите на Пешмерга и ранија уште четворица нивни борци, се наведува во извештајот на американските медиуми.

Нападите врз ирачките безбедносни сили и курдските Пешмерга се чести и во пораст откако ИД беше поразена на бојното поле во 2017 година.

Екстремистичките фракции и терористичките ќелии се уште се активни во многу области, особено на северните територии на Ирак, кои се оспорени од ирачката влада и властите на полуавтономната регионална влада на Курдистан.

Екстремистите на Исламската држава, сунитски муслимански екстремистички организации, продолжуваат да спроведуваат вооружени акции, често насочени кон безбедносните сили, електричните централи и други инфраструктурни објекти.

Слични содржини