Високите температури и малкуте врнежи доведоа делови од Медитеранот во критична состојба. Ова го потврдува и веста дека на почетокот на месецов Каталонија прогласи вонредна состојба поради суша. Со нивото на акумулацијата до 16 отсто од капацитетот и без дожд во некои области, властите воведоа ограничувања за тоа колку вода можат да користат жителите.
Сепак, Шпанија не е единствената земја што страда бидејќи снабдувањето со вода во јужна Европа е при крај. Според најновото ажурирање на податоците од Европската опсерваторија за суша, околу 17 отсто од територијата на ЕУ сега се соочува со сериозни услови на суша, пишува „Еуроњуз“.
Нешто повеќе од еден процент се на највисоко ниво на предупредување. Андреа Торети, координатор на европската и глобалната опсерваторија за суша „Коперник“, вели дека еден дел од Европа веќе е во големи проблеми поради климатските промени.
„Ако ги погледнеме моменталните услови, врз основа на најновите податоци што ги имаме на располагање до крајот на јануари, ќе видиме дека многу области во медитеранскиот регион всушност веќе се под услови на предупредување за суша“, рече Торети.
Како што додаде, комбинацијата на суша и топлотни бранови создаде големи последици во регионот во последните неколку години и стана една од важните светски теми.
Каде на друго место сушата има големо влијание?
Во проблем се најде и Италија. Поточно, во тој еден процент е вклучена и Сицилија, која неодамна објави „состојба на природна катастрофа“ и изјави дека има низок водостој во акумулациите.
Официјалните лица рекоа дека јануари е петти последователен месец со потпросечни врнежи за тој период.
Островот се соочи со скоро осум месеци „речиси целосна безводност“, според Опсерваторијата за водни ресурси „АНБИ“, при што втората половина од 2023 година е дефинирана како најсушна во последните 100 години.
Иако минатата недела врнеше дожд во големи делови на Италија, обновувајќи ги залихите, за многумина тоа не беше доволно за да се поправи дефицитот во Сицилија. Обилниот дожд на веќе сувото земјиште ја забрза ерозијата, зголемувајќи го ризикот од опустинување.
Понатаму на север, на друг италијански остров, Сардинија е исто така во неволја со некои акумулации со капацитет помал од 50 проценти. Сателитските снимки од Европската служба за климатски промени „Коперник“ во јануари јасно покажаа значително намалување на нивото на водата во езерото Алто дел Флумендоса, кое снабдува со свежа вода голем дел од источна Сардинија.
Во неколку подрегиони во центарот на островот, локалните власти на 12 јануари ја забранија употребата на вода за наводнување. Земјоделците исто така алармираат за вонредна состојба со вода во остатокот од Сардинија.
Северна Африка исто така страда од оваа периодична суша. Мароко шеста година по ред се соочува со проблеми со водоснабдувањето. Врнежите се за 70 отсто помалку од годишниот просек, соопштија министрите за вода и за земјоделство во земјата.

#ImageOfTheDay

According to the latest @CopernicusEMS Global Drought Observatory Report, #Morocco 🇲🇦 is affected by a severe #drought

⬇️The area around #Casablanca has lost its typical green colour, as evidenced when comparing #Sentinel2 images of February 2023🟩& 2024🟫 pic.twitter.com/uETXAnYxuQ
— Copernicus EU (@CopernicusEU) February 20, 2024

Има ли надеж за повеќе дожд во Европа?
Во регионите во кои моментално има суша, сезонските прогнози укажуваат на потопли од нормалните температури во наредните месеци. Торети вели дека дури и да има нормални врнежи, абнормалните температури сепак би можеле да значат дека ситуацијата низ Медитеранот станува уште покритична.
„Во некои од овие области немаше целосно закрепнување од овие крајности. И сега, се разбира, повторно гледаме недостаток на врнежи, но и потопли од нормалните температури“, објаснува тој.
Друг фактор што треба да се земе предвид е топењето на снегот, пишува „Еуроњуз“. Без доволно ниски температури за да паѓа снег и да се залепи, нормалното топење во пролетта нема да ги надополни резервите на вода.
Торети вели дека податоците што ги имаат сега покажуваат дека условите се уште полоши од 2022 година – што е рекорд за погодената област и малку стопен снег.
Освен што водата е достапна за луѓето да пијат или да ги наводнуваат посевите, ова создава и проблеми за производството на хидроенергија што зависи од достапноста на вода.
Дали климатските промени ги влошуваат сушите во Европа?
Торети вели дека она што се случува е „дел од климатските промени кои се развиваат поради човечките емисии на стакленички гасови“.
„Бидејќи она што во основа се случува е дека Европа се соочува со промена на режимот на врнежи. Зимата е кога овие региони обично имаат шанса да го обноват или балансираат дефицитот на вода во потоплите сезони и да се подготват за лето. Денес, овој вид на рамнотежа е изменет“, вели тој.
Иако ова не може директно да се припише на климатските промени без подетални студии, тој вели дека е во согласност со она што го покажуваат проекциите за идните климатски услови во Медитеранот.
„Ако сега не преземеме подобри глобални мерки, Европа ќе се соочи со многу поголем ризик од суша. Ќе се справиме со топлотни бранови, но и со обилни врнежи. Се предвидува дека сите овие екстреми ќе се случуваат почесто, но и поинтензивно. А повторливата суша е нешто што би можело да стане ново нормално веќе во средината на векот, ако не дејствуваме веднаш“, рече Торети.
Минатата година беше една од најжешките досега
Едно од најновите студии објавени од британскиот јавен сервис Би-Би-Си, врз основа на кое е потврдено дека годината зад нас била најтоплата во историјата на мерењата, вели дека „ѓаволот ја однел шегата“.
Застрашувачки е и податокот дека речиси секој ден од јули 2023 година се бележи температурен рекорд за тој период од годината.
Добро е познато дека светот е многу потопол отколку пред 100 години, поради континуираната емисија на стакленички гасови, како што е јаглерод диоксид. Сепак, пред 12 месеци ниту една поголема научна институција не предвидуваше дека изминатата година ќе биде најтопла откако се направени мерењата.
Повеќе од 200 најтопли денови од мерењата се забележани, покажа анализата на Би-Би-Си на податоците од сервисот „Коперник“ за климатски промени.
Оваа невидена појава е поврзана со пребрзото доаѓање на временскиот феномен „Ел Нињо“, односно природното влијание на топлите површински води во источниот дел на Пацификот, врз атмосферата на Земјата.