Истражувачкиот тим на Навални објави: Огромна вила изградена за Путин? (ВИДЕО)

од Milan1
440 прегледи

Истражувачкиот тим на Алексеј Навални, критичар на Кремљ, кој моментално е во затвор, објавил стотици фотографии од огромната вила на Црното Море, која наводно била изградена за рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Нова.рс.

Објавено една година по истрагата за палатата на Путин, која потикна протести низ целата земја, најновото видео веќе има околу 8,4 милиони прегледи на ЈуТуб.

Истрагата за овој имот беше објавена во 2021 година и се заснова на анализа на официјални документи и неколку фотографии од внатрешноста на вилата. Во оригиналното видео, тимот на Навални се потпираше на компјутерски генерирани прикази за тоа како изгледа вилата врз основа на дизајнерските планови што ги добија.

Тимот на Навални добил околу 500 фотографии, на кои детално е прикажан ентериерот. На една од фотографиите наводно се гледа спалната соба на Путин.

Двоглавите златни орли, националните симболи на Русија, се наоѓаат во речиси секоја соба и се најчестата декорација во вилата. Бањата е поврзана со спалната соба.

Новите фотографии до кои дојде тимот на Навални ги потврдуваат повеќето првични проценки на тимот за внатрешниот изглед на вилата.

Слични содржини