Маските за лице за еднократна употреба можат да ослободат хемиски загадувачи и нанопластика во животната средина, предупредуваат истражувачи, пренесува Анадолија.
Научен тим од Универзитетот во Свонси откри дека тешки метали и пластични влакна се ослободуваат кога користените маски се потопуваат во вода. Тие предупредуваат на подобра регулација и спроведување на обемни истражувања за нивното влијание врз животната средина и јавното здравје.
„Пред пандемијата, ние се залагавме за намалување на употребата на пластични сламки, за намалување на амбалажата, но сега разгледуваме стотици и илјадници од овие маски што се отстрануваат“, рече Сарпер Сарп, лекар кој работеше на студијата.
Како што рече, потребно е да се класифицираат приоритетите, пред сè, да се победи пандемијата на коронавирус и да се заштити јавното здравје.
„Тогаш, во меѓувреме, мора да преземеме чекори за заштита на животната средина“, рече Сарп, цитиран од BBC.
Во ноември минатата година, истражувачите првично беа заинтересирани само за влијанието на пластичниот отпад врз животната средина. Но, додека ги тестираа маските, откриваа се повеќе хемикалии. Загадувачите честопати се поврзуваа со бои што се користат во производството на маски, главно направени во Јужна Азија, а особено во Кина.
Тим научници откриле траги од олово, антимон и кадмиум – сите тешки метали кои можат да бидат токсични во мали дози.
„На ниво на животна средина со количината на производство на овие работи – сè се акумулира“, предупреди Гераинт Саливан од канцеларијата за трансфер на технологија на универзитетот Сванси.
Тој посочи дека пронајдените тешки метали се исто така биоакумулативни, што значи дека не се отстрануваат од системите за вода и се акумулираат со текот на времето. Секоја маска што беше потопена емитираше хемикалии.
„Навистина е шокантно. Количината на произведен материјал ќе има влијание врз пошироката околина “, додаде Саливан.