Неодамнешното истражување на јавното мислење во Бугарија покажа дека 30% од испитаниците гласале за напуштање на НАТО алијансата. Истражувањето, кое беше спроведено пред претстојниот самит на НАТО во Вашингтон, покажа дека 59% од Бугарите сакаат нивната земја да остане во НАТО, што е најмал процент на поддршка меѓу земјите-членки на Алијансата, пренесува Новините.
Дополнително, 11% од испитаниците биле неопределени по ова прашање. Податоците од ова истражување ги искористи и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во својот годишен извештај, во кој се наведува дека 70% од граѓаните низ земјите на НАТО ќе гласаат за останување во Алијансата, додека само 14% би го напуштиле НАТО.
Истражувањето покажа и дека 61% од Бугарите веруваат дека членството во НАТО ја подобрува безбедноста на нивната земја, додека 29% од Бугарите се загрижени дека членството во НАТО можеби нема да ја обезбеди безбедноста на земјата, процент што го надминуваат само Италијанците, пренесува Танјуг.