ИСТРАЖУВАЊЕ: Чувството на осаменост во Германија е значително зголемено во последните пет години

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Осаменоста не ги мачи само постарите лица во Германија, туку од пандемијата, таа стана широко распространета меѓу луѓето под 30 години, според Федералниот институт за истражување на населението (БиБ).

Студијата се базира на податоци од 2005 година до зимата 2022/23 година.

Чувството на осаменост во Германија е значително зголемено во последните пет години. Додека од 2005 до 2017 година, уделот на осаменици меѓу младите и средовечните возрасни лица беше стабилен помеѓу 14 и 17 проценти, со почетокот на пандемијата во 2020 година, тој драматично скокна на речиси 41 процент.

Една година подоцна, уделот на самците се зголеми на речиси 47 проценти. Анализата од зима 2022/23. покажува дека имало помалку осамени луѓе, 36 отсто, но тоа е сепак значително повеќе отколку пред глобалната зараза.

„Од пандемијата, може да се види дека многу млади луѓе страдаат од осаменост, дури и кога не живеат сами“, објасни социологот на БиБ, Сабине Диабате.

„Во постпандемиската фаза, осаменоста останува на високо ниво – постои тенденција кон хронична состојба“, предупреди таа.

Хроничната осаменост, велат истражувачите, е проблематична поради повеќе причини.

Осамените луѓе често имаат проблеми со спиењето, почесто страдаат од срцеви заболувања и мозочен удар и имаат послаб имунитет. Тие се исто така поподложни на болести на зависност.

Во исто време, тие се осамени и изложени на поголем ризик од самоизолација и можеби политичка или религиозна радикализација.

„Сè почестата осаменост на населението затоа може да биде и ризик за демократијата, бидејќи може да ја загрози внатрешната социјална кохезија“, објасни директорот за истражување на БиБ, Мартин Бујард.

Слични содржини