Италијанската полиција запленила 6 тони хемикалии за производство на екстази

од Milan1
18 прегледи

Италијанската финансиска полиција заплени околу 6,3 тони хемиски супстанци за производство на екстази, соопштија денеска официјални лица.

Акцијата за конфискација била спроведена по истрагата покрената пред две години, пренесе агенцијата Анса.

На овој начин е спречено потенцијалното производство на 63 милиони таблети екстази со пазарна вредност од околу 630 милиони евра.

Првата операција се однесуваше на пратка што пристигна на аеродромот Малпенса во близина на Милано во 2022 година. Откако ја пресретнала пратката, полицијата извршила „контролирана испорака“ до наменетата дестинација во компанија во провинцијата Варезе.

Врз основа на сознанијата добиени во таа акција, овозможено е дополнително покренување на истрага во Холандија и идентификување на магацин за опојни дроги, а притоа е запленета поголема количина на материјал што се користи за прочистување на дрогата.

Ова им овозможи на холандските власти да уапсат двајца кинески државјани, додека правниот застапник на компанијата што ја увезла пратката е под истрага.

Слични содржини