Итно се огласи портпаролот на Модерна: Сите мораат да знаат што изјави

Производителот на вакцината на „Модерна“ против „ковид-19“ е на пат да ги исполни испораките што и ги вети на Европската унија, изјави денеска портпаролот на таа американска компанија за производство на лекови, по извештајот за доцнењето во Германија.

„Модерна е посветена на исполнување на сите тримесечни обврски за договорна испорака со Европската комисија и одделни земји-членки“, изјави портпаролот за Ројтерс.

Априлската испорака е на пат да го достигне опсегот претходно договорен со владите, додаде портпаролот на Модерна.

Во извештајот на магазинот „Бизнис инсајдер“ на германски јазик, кој се повикува на неименувани извори во германското Министерство за здравство, се вели дека 878.400 дози на вакцината на Модерна може да не стигнат до Германија во периодот од 26 април до 2 мај.

Како одговор на прашањата за одложувањата, Модерна изјави дека не ги откажува пратките, но може да обезбеди информации за испорака засновани на предвидувања за производство и ослободување на вакцините.

Германското Министерство за здравство објави дека Модерна не наведува никакви измени во планот за испорака на вакцини.

Слични содржини