Иванишевиќ: Вистинската причина за прекинот на соработката со Ѓоковиќ е заситеноста

Иванишевиќ откри дека клучниот разговор се случил откако Ѓоковиќ шокантно бил елиминиран во раната фаза на Мастерсот во Индијан Велс.

од Бети Божиноска
409 прегледи

Горан Иванишевиќ, до неодамна тренер на најдобриот тенисер во историјата, ги откри причините за раскинувањето на соработката со Новак Ѓоковиќ. Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа својата исклучително успешна петгодишна соработка, а хрватскиот тренер во интервју за „Спортклуб“ ја откри вистинската причина за разделбата.

„Многу работи прочитав… Луѓето мора да пишуваат, но никој не беше ни близу вистинта. Нема вистинска причина, вистинската причина е заситеноста. Ова беа исклучително тешки пет години, луѓето забораваат на короната и дека тој во еден момент беше светски негативец број еден поради невакцинирањето. Секогаш бевме во некој расчекор, некој министер ќе го забрани, лудило со Австралија… Дојде до заситеност, со материјален замор – и автомобилот повремено оди на технички … И тој се измори од мене, а јас се уморив од него. Не можев повеќе да му помогнам, но направивме голема работа“, изјави Иванишевиќ.

Хрватскиот тренер смета дека до прекин на соработката можело да се дојде и порано.

„Не дојде до прекин сега во Америка, тоа никогаш не „се случи“. Искрено, тоа го почувствував уште на„ Ју-Ес Опен“ минатата година. И мене како на тренер тешко ми падна Вимблдон, Алкараз на крај беше подобар и секој чест нему, одлучија еден или два поена… Америка беше неверојатна, ги освои „Синсинати“ и „Ју-Ес Опен“ и веќе таму почувствував дека крајот е близу. Беше прашање на време дали на крајот на годината или годинава… Можеби требаше да го направиме тоа лани, но по „Ју-Ес Опен“ го оперирв коленото, ме немаше шест-седум недели, се вратив во Торино, но веќе постоше тој замор на материјали, и комуникација…“, рече Иванишевиќ.

Иванишевиќ откри дека клучниот разговор се случил откако Ѓоковиќ шокантно бил елиминиран во раната фаза на Мастерсот во Индијан Велс.

„Ден по (поразот од Нарди) седнавме и разговаравме. Не оди пишување пораки или разговор на телефон… Седнавме, се смеевме, убаво си разговаравме, важно ми беше да му кажам некои работи , да му кажам како се чувствувам, а и тој ми кажа. Поминавме и добро и лошо, поминавме низ лудило… Не е лесно да се биде Новак Ѓоковиќ, сите те бараат, сакаат нешто, даваат совети … Кога ќе се изгаснат камерите, Новак е добар човек, има големо срце, сака да прими се во себе, а тоа не е така лесно. Секогаш бев подготвен да загинам за него, подготвен да се борам со целиот свет, не беше лесно во тие моменти (Австралија 2022) да му бидеш тренет, не гледаа како лепрозни… Убави се сите резултати што ги постигнавме, но најмногу сум горд што бевме тука за него и и што тргнавме во војна против цел свет, успеавме барем малку да му помогнеме да го преболи тоа лудило“.

Хрватскиот стручњак вели дека било привилегија да се работи со Новак.

„Ние сме пријатели и секогаш ќе бидеме. Благодарен сум му за довербата, што запознав прекрасни. Не си одам затоа е 30. на светот, се е лошо и Горан си оди.Тој е прв на светот и ќе мора малку да се тргне – не се сомневам дека ќе го направи тоа. Кога на теренот ќе се појави најдобриот Новак, тогаш секогаш се обложувам на него, на секоја површина,“ објасни Иванишевиќ.

Слични содржини