118
Централната изборна комисија на Грузија денеска соопшти дека пребројувањето на гласовите од сите избирачки места е завршено, а владејачката партија Грузиски сон на саботните избори освоила 53,92 отсто од гласовите.
Резултатите од гласањето на едно избирачко место се поништени по инцидент со масовно полнење гласачки ливчиња, пренесува РИА Новости.
Во парламентот влегоа и четири опозициски партии кои добија вкупно 37,78 отсто од гласовите.