62
Автомобил „Ситроен“ рано утрово се запалил во скопската населба Аеродром, при што морале да интервенираат пожарникарите, соопшти МВР.
„Денеска (10.04.2025) во 03:18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во патничко возило „цитроен ц3“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Г.(43) од Скопје. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид на местото на настанот“, пишува во полицискиот билтен.