Измамена 84-годишна жена за 261.000 денари, ја излажале дека ќерка и направила сообраќајка

од Milan1
29 прегледи

МВР информира дека вчера попладне во 18.45 часот во СВР Скопје, 84-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 261.000 денари.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати

Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.