Републиканците изгледа ќе номинираат кандидат кој зборува за целосни бесмислици за внатрешната политика, кој верува дека надворешната политика се сведува на сила и војна и која расната и етничка омраза цинично ја користи во политички цели. Тоа беше неизбежно, без оглед на резултатите на прелиминарните избори. Единствена новост е дека тој кандидат веројатно ќе биде Доналд Трамп. Републиканскиот естаблишмент се оградува од него нарекувајќи го измамник, што тоа и е. Но, дали тој е поголем измамник од тие кои се откажуваат од него? Па и не е. сад канди

Ако ги погледнете луѓето кои го напаѓаат, мора да се запрашате: зошто прво не погледнат во себе? Доналд Трамп е измамник, вели Марк Рубио кој вети големо намалување на даноците, зголемување на воениот буџет и баланс на буџетот без намалување на социјалната помош на граѓаните постари од 55 години.

„Нема избегнување на данокот и други игри‟ – грми лидерот на републиканците во Конгресот Пол Рајан, со своите мистериозни буџетски предлози, каде трилиони долари даночни приходи се остваруваат со затворање на мистериозни дупки во даночните закони, а трилиони долари заштеда се постигнуваат со мистериозни буџетски резови. Рајан тврди дека „секоја идеја се темели на дискриминација на другите под нивото на партијата на Линколн‟. Дали заборави на смислениот расизам на Никсон со „јужната предизборна стратегија‟, или Регановото потсмевање на „кралиците на социјалната помош‟ или заплашувањето на гласачите со злосторствата на Вили Хортон во кампањата на Буш сениор?

Накусо, постои само една причина зошто 90 отсто белци од американскиот југ гласаат за Републиканската партија, а тоа не е нејзина посветеност на либералните принципи. Што се однесува до надворешната политика, Трамп секако е поразумен од своите ривали. Тој ја поддржува тортурата како и другите републикански кандидати. Тој се залага за војна, но не толку како Рубио, кој е вистински фаворит на неоконзервативците, т.е. луѓе одговорни за нашата пропаст во Ирак. Трамп притоа е единствен човек од десницата кој отворено признава дека администрацијата на Буш свесно ја лажела Америка буткајќи ја во таа катастрофална војна. И не е Трамп тој кој непрекинато повторува дека „ќе ја посипа ИСИС со бомби‟ туку Тед Круз, кој притоа нема поим за што зборува.трамп прст

Всушност, прашањето е зошто републиканскиот естаблишмент толку се плаши од Доналд Трамп. Тој навистина е измамник, но тоа се и останатите нивни кандидати. Според што тој се разликува од нив? Изгледа дека проблемот не е во тоа што Трамп смислил некои нови измами, туку во тоа што ги открива постоечките. На пример, измамата со која републиканците редовно поминуваат на изборите, а тоа е дека тие се сериозна и зрела партија која може да ги реши проблемите со кои се соочува Америка. Всушност, таа партија одамна е мртва, а нејзините остатоци се опседнати со вуду економија и смешни фантазии. И таа вистина се оголува кога имате кандидат кој одбива да ја игра улогата која му е наменета.

Ако Трамп ја освои републиканската претседателска номинација, предвидувам дека сите загрижени конзервативци по длабоко размислување сепак ќе заклучат дека тој е подобар кандидат од Хилари Клинтон, додека самопрогласените центристи и понатаму ќе тврдат дека двата кандидати подеднакво се лоши. И двата става ќе делуваат подеднакво затегнато.

Феноменот Трамп загрозува уште една измама со која републиканскиот естаблишмент ги лаже своите гласачи. Мислам на тактиката на охрабрување на белите гласачи на отпор кон силна држава, додека зад идејата на слаба држава всушност се крие политика скроена така да богаташите секогаш поминуваат подобро од останатите. Доналд Трамп вели дека нема да се согласи на тоа. Тој ветува дека Америка ќе ја направи повторно бела и ќе ја зачува социјалната помош и Медикеар, при што наговестува (но не и предлага) воведување на поголеми даноци за богатите. Вознемирениот републикански естаблишмент едноставно чувствува дека тој не е вистински конзервативец, а всушност тоа изгледа не е ни големо мнозинство на нивните гласачи.

Да се разбереме, Трамповата победа би била ужасна и се надевам дека многу од моите читатели се согласуваат со тоа. Но, треба да не плаши и можноста претседател да ни стане Рубио, човек опкружен со воени хушкачи, или Круз кој веројатно би ја вратил шпанската инквизиција. Во таа смисла успехот на Трамп би бил добредојден. Тој навистина е измамник, но кој ги разоткрива измамите на другите. А тоа верувале или не, сепак е некаков напредок во овие чудни и тешки времиња

Њујорк Тајмс – Њујорк

Слични содржини