Измина една година од појавата на првиот случај позитивен на Ковид 19

237 прегледи

Точно пред една година, беше регистриран првиот случај на Ковид 19.

Тој се појави за првпат кај 55 годишен маж од кинеската провинција Хубеи. По 365 дена, статистиките бројат над 55 милиони луѓе заразени од Коронавирусот, и над 1.300.000 починати.

Со појавата на првиот случај, никој не насетуваше колку ќе трае и во колкави размери ќе биде опасен овој вирус.

Научниците се сомневаат дека ковид 19 од лилјак преминал на друго животно кое подоцна го конзумирал човек, па така почнал да се шири меѓу луѓето.

Експертите тврдат дека од 17 ноември минатата година секојдневно се пријавувале неколку пациенти за на 15 декември 2019 година таа бројка да биде 27.

Бројките потоа почнаа постојано во брз ритам да растат, а заразата ја премина кинеската граница и брзо премина во Европските земји.

Иако за една година оздравеа повеќе од 38 милиони луѓе, вирусот не сопира и се чини дека кулминацијата допрва следи. Денес најбројната земја во светот, во која сè почна, бележи по неколку случаи дневно, додека САД имаат и по 150.000 новозаразени, а некои европски земји над 40.000.

За споредба, во Кина од почетокот на пандемијата се заразени нешто повеќе од 86.000 луѓе, а починаа 4.634.
Во моментов најмногу заразени има во САД, Индија, Бразил, Франција и Русија.

Слични содржини