Измислија дека е повреден, па вистината излезе на виделина: Жоао Кансело има големи семејни проблеми

од Симе Стоиков

Барселона синоќа убедливо со 3:0 го победи Атлетико Мадрид на гостински терен, но мечот на „Ванда Метрополитен“ остана во сенка поради информациите кои се појавија, а во центарот на вниманието беше Жоао Кансело.

Португалецот вчера воопшто не отпатува со тимот во Мадрид, а од Барселона тврдеа дека Португалецот е полесно повреден и дека Чави не можел да смета на него поради тоа.

Сепак, по завршувањето на натпреварот, Фермин Лопез застана пред камерата, а при изјавата откри дека Кансело не е повреден и дека се работи за некои други работи. Лопез синоќешната победа му ја посвети на својот соиграч, а сите се прашуваа што се случува.

Шпанските медиуми наведуваат дека се работи за приватни проблеми кои ги има Кансело и дека ситуацијата е многу сериозна, но не се знае што се случува во семејството на Португалецот.

Затоа Кансело не отпатува во Мадрид со тимот, а за да го заштитат од медиумските извештаи од Барселона, рекоа дека е повреден.

Наводно, станува збор за сериозни семејни проблеми на португалскиот репрезентативец, но деталите се уште се тајна. Да се ​​надеваме дека се ќе се реши брзо и дека Кансело ќе се врати на терените што е можно поскоро.

Слични содржини